Питлик и Флензбург си подадоа рака на нов договор, Данецот останува до 2030 година

Германскиот ракометен гигант Флензбург покажа големина и на својот повреден ракометар му понуди нов договор на нови пет години соработка.

Некогашниот освојувач на Лигата на шампионите до 2030 година во своите редови ќе го има данскиот бек Симон Питлик. Еден од најдобрите дански ракометари моментално е надвор од терените, пореди посериозна повреда, но и покрај тоа постигна договор со германскиот гигант на продолжување на соработката на нови пет години. 

Бекот од Данска доби фрактура на раката, поточно на десната подлактица. Питлик се повреди во реваншот од Европската лига на ЕХФ против Феникс Тулуз. Првичните најави се потврдија по ренгенскиот преглед и Питлик мораше да замине на операција.

Данецот е дел од Флензбург од 2023 година кога дојде од ГОГ Гудме. Неговото отсуство може да биде сериозен пех за германскиот тим кој цели кон освојување на Европската лига, а има високи амбиции и во Бундеслигата.