Писонеро: Не го очекувавме овој пораз во Запорожје...

Давид Писонеро

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар, го запиша првиот сезонски пораз на гостувањето кај Мотор Запорожје.

Предводникот на вардарци, Давид Писонеро, по мечот рече дека овој резултат е изненадување за него и неговите избраници.

„Во првиот дел чувствувавке дека не ја играме нашата игра. На голема жалост, направивме голем број на грешки. Имавме и проблеми во одбраната. Искрено, не очекувавме да загубиме во Запорожје, но очекувавме тежок испит. Играта на Комок ги мотивира ракометарите на нашиот противник, кој на крајот го искористи тоа за да стигне до победата“, изјави тренерот на СЕХА-шампионот.

Збор на прес-конференцијата зеде и десното крило Данил Шишкарев кој изјави:

„Овој пораз од Мотор пристигна неочекувано. Во некои делови од играта бевме очајни. Иако имавме неколку клучни играчи кои отсуствуваа, очекувавме да си заминеме дома со бодовите. Позитивна страна од овој пораз е тоа што ќе бидеме екстра мотивирани за наредниот натпревар“.

Следен противник на „црвено-црните“ ќе биде Нексе Нашице, кој на 24 септември ќе гостува во Скопје.

Најнови вести од
СЕХА Лига