Писонеро: Џабе ќе е триумфот во Монпелје, ако не го победиме Порто

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар е пред првиот домашен предизвик во ракометната Лига на шампиони. По гостинската победа над Монпелје во првото коло, во Скопје гостува Порто, португалскиот првак кој тренерот Давид Писонеро добро го познава.

На прес-конференцијата пред натпреварот во Скопје, прв за новиот тренер во Скопје, Писонеро истакна дека дуелот со Порто е многу важен, посебно по победата во Франција, која ќе биде залудна ако не се освои полн плен во Скопје.

„Не очекува дуел со Порто, многу важен натпревар. По победата со Монпелје во ЛШ каде освоивме значајни бода, ако не победиме со Порто, бодовите од првиот меч нема да се многу важни. Порто е една од најдобрите екипи во светот, игра седум на шест, препознатлива игра за нив и ќе мора да се навикнеме на тој стил. Ова ќе биде прв домашен натпревар во ЛШ, сакаме да победиме пред нашата публика. Имавме тежок натпревар против Металург во Суперкупот. Имавме две важни цели, првата да го освоиме трофејот, втората да ги сочуваме играчите“, изјави Писонеро.

Во таборот на Вардар нема да има отсутни ракометари, со исклучок на повредените Столе Стоилов и Хозе Толедо кои се уште се рехабилитираат од операциите.

„Нема да има отсутни, во Суперкупот штедевме сила и тоа беше моја одлука. Знаевме дека не чека важен натпревар со Порто и дека мора да штедиме сили. Ќе ни фалат само Стоилов и Толедо, кои ќе се вратат со тек на време“, додаде тој.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто се игра на 22 септември, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот. Билетите се веќе во продажба и чинат 350 и 400 денари.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 1 4 3 1 0 129:104 25 7
2 МонпелјеМонпелје 1 4 3 0 1 110:103 7 6
3 ВардарВардар 2 4 3 0 1 116:119 -3 6
4 ВеспремВеспрем 2 4 2 0 2 127:116 11 4
5 ПортоПорто 1 4 2 0 2 115:125 -10 4
6 КиелцеКиелце 1 4 1 1 2 120:118 2 3
7 Мешков БрестМешков Брест 4 1 0 3 106:116 -10 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 4 0 0 4 115:137 -22 0