• Мартин Танасковски
Мигел Пинто е еден од играчите кои си заминуваат од Вардар 1961 по крајот на оваа сезона, а веќе го има и новиот клуб.
Десното крило кое има 27 години ќе игра во Шпанија. Мигел Пинто е претставен како нов играч на тимот на Куенка кој игра во шпанската АСОБАЛ-лига.
Договорот меѓу двете страни е потпишан на две сезони. Мигел Пинто играше за Вардар 1961 две години.

