• Саше Љолес
Голманот на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ, го изрази задоволството од победата над Слога Добој во Еврокупот на ЕХФ (37-19), со која македонскиот суперлигаш обезбеди огромна предност во пресрет на реваншот.
Охриѓани одиграа одличен меч, а Пилиповиќ ѝ се заблагодари и на публиката, истакнувајќи дека била важен фактор во победата на неговиот тим.
„Сериозно го подготвивме натпреварот и ја оправдавме фаворитската улога. Противникот беше за респект, но ние победивме на крилјата на нашите прекрасни навивачи.
Славевме со убедливи 18 голови разлика, кои ќе бидат доволни за да минеме понатаму. Ќе го потврдиме тоа со уште една победа на гостински терен“, изјави Пилиповиќ.
Реваншот од 1/16 финалето во Еврокупот помеѓу Слога Добој и Охрид ќе се одигра на 22 ноември.

