Пилиповиќ: Најлуд меч... знаев дека доаѓа крај, не можев да се радувам!

Кристијан Пилиповиќ го одигра последниот натпревар за ГРК Охрид и ја напушта Македонија. Следна дестинација ќе му биде Швајцарија. Голманот кој за многу кратко време стана миленик на публиката заради неговите партии, не издржа на прославата на европската титула во ЕХФ Купот и прослави во солзи.

„Не можам да опишам, ова е најлудиот меч кој јас сум го играл. Пред меч се простив и не можев да се радувам затоа што знаев дека е крај на една приказна. Ова беше сонот кој го сонував седум месеци и нереално е, на најубав можен начин се простувам од клубот. Благодарност до играчите, до тренерите, до навивачите, до раководството, ова беше неверојатно.“, изјави Пилиповиќ. 

Следниот клуб за Пилиповиќ ќе биде швајцарски Луцерн, а за трансфер се договори пред неколку месеци.