ПИК Сегед немоќен, Веспрем шампион на Унгарија по триесетти пат!

Ракометарите на Веспрем ја освоија шампионската титула во Унгарија, откако со 2-0 во финалната серија го совладаа големиот ривал ПИК Сегед. Во вториот натпревар, одигран на гостински терен, Веспрем славеше со 34-36 и ја завери јубилејната триесетта титула.

Иако домаќинот имаше одличен старт и во првото полувреме водеше и со пет гола разлика (17-12), тимот на Веспрем не се предаде. До паузата успеа да ја намали негативата, а во вториот дел постепено ја презеде контролата и направи целосен пресврт.

Најефикасен во победничкиот состав беше Хешам со осум погодоци, додека Пешмалбек додаде седум. Кај ПИК Сегед, со по шест гола се истакнаа Банхиди, Род и Шоштариќ.

Финалистите најверојатно и следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, Веспрем веќе обезбеди директен пласман, а ПИК Сегед ќе бара вајлд-карта, додека третопласираната Татабања која пред два дена го загуби финалето во ЕХФ Европскиот Куп од Охрид, ќе бара учество во Европската лига.