• Иван Димовски
ПИК Сегед и официјално го потврди потписот со Дмитро Хориха кој по две сезони во Вардар 1961 заминува од мак-ракометот и се сели во Унгарија. Украинскиот бек и покрај тоа што во еден момент беше пред потпис на нов договор со вардарци ќе замине од клубот.
Хориха потпиша договор со унгарскиот тим на две сезони, од 2026 до 2028 година. По потписот тој откри дека е среќен што ќе заигра за тимот од Сегедин.
„Многу сум возбуден за шансата да заиграм за ПИК Сегед и да ја почувствувам оваа посебна атмосфера во клубот и градот. Слушнав многу убави работи за фановите и едвај чекам да ја почувствувам поддршката. Мојата цел е да дадам максимум секој ден, да напредувам и да му помогнам на тимот да дојде до нови успеси. Ќе направам сè за навивачите да се гордеат со нас. Едвај чекам да го започнам ова ново поглавје“, изјави Хориха.
Во својата кариера Хориха освен за Вардар настапуваше за Мотор Политехника и Мотор Запорожје, Погон, Нава, Пајс Д'Аикс и Араби.

