• Саше Љолес

Екипата на Киелце го заврши овогодинешниот настап во Лигата на шампионите, откако ремизираше во осминафиналниот реванш против ПИК Сегед со конечен резултат 32-32.
Полскиот претставник не успеа да ја надополни негативата од три гола од првиот натпревар во Унгарија (23-26), иако беше во добар моментум во второто полувреме.
Домашниот тим имаше негатива од два гола на паузата (17-19), а во второто полувреме влезе во одлична серија и стигна до предност од четири гола, но Унгарците успеаја да се вратат во завршните минути, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето.
Најдобар поединец во редовите на Киелце беше Шимон Сичко со осум голови, а кај ПИК Сегед прво име беше Лазар Кукиќ, кој забележа шест погодоци, со стопроцентен учинок (6/6). Унгарскиот состав во четвртфиналето ќе се соочи со германскиот гигант, Магдебург.







