ПИК Сегед го „блиндира“ Алиловиќ до 2023 година

Унгарскиот ракометен вицепрвак ПИК Сегед потпиша нов договор со голманот Мирко Алиловиќ и тој ќе остане во ростерот најмалку до 2023 година.

Хрватот имаше договор до 2021 година, но од клубот не оставија ништо на случајноста. Алиловиќ соопштил дека се чувствува одлично во Сегед и дека не сака да ја напушти средината.

„Јас и моето семејство сме среќни во ПИК Сегед и среќен сум што потпишав нов договор. Чувствувам дека ова е најдобро место за мене и за мојата кариера. Цел ми е да бидам подобар и да освојувам трофеи“, изјави Алиловиќ.

Некогашниот хрватски репрезентативец е во ПИК Сегед од 2018 година, а претходно настапуваше за Веспрем, Целје, Адемар Леон и Извиѓач.