Петта победа за Алкалоид – од „минус четири“ до успех со Слован

Екипата на Алкалоид продолжи да победува на контролните мечеви кои ги игра како подготовка за новата сезона и за европскиот двомеч во Европската лига на ЕХФ со бундеслигашот Хановер.

Екипата на Кирил Лазаров победи нов ривал од Словенија. Овој пат од суперлигашот настрада Слован Љубљана, тим кој имаше позитива од четири гола на паузата (14-18), но на крајот македонскиот тим славеше со 31-30.

Претходно, Алкалоид ги победи Целје од Словенија, Сесвете од Хрватска, Дубочица од Словенија и Прилеп од Македонија. Следен дуел на тимот е со Шкофја Лока од Словенија.