Петровски: Средниот и левиот бек се најсилна страна на Филинген Берген

Петровски

По години минати надвот од нашите граници, Михајло Петровски се врати во својот роден град и го облече дресот на Еурофарм Работник. Десниот бек ќе дебитира в сабота против Филинген Берген и ја победи настинката, па ќе ја предводи својата екипа до позитивен резултат.

Петровски со оптимизам гледа на дуелот со норвешкиот претставник во Челинџ Купот.

„Квалитетите на Еурофарм Работник ми беа познати и знаев дека дојдов во прифесионална екипа. Нè очекува типично скандинавска школа, екипа која сака многу голови. Нивна најсилна страна се средниот бек и левиот бек Лунде, кој е најдобар стрелец на екипата. Имаат само скандинавски ракометари, не се баук и верувам дека можеме да им се спротиставиме. Играчите многу сериозно работата и спремни ќе го дочекаме дуелот в сабота. Како ракометари ќе се погрижиме оваа европска приказна да продолжи и понатаму“, рече Петровски.

Во Битола владее нескриен интерес за овој натпревар и в сабота од 19.00 часот се очекува исполнета спортска сала „Младост“ за што е можно подобар резултат воочи реваншот на 17 февруари.