ВИДЕО: Петровски со НБА атракција – со додавање меѓу нозе ги збуни стружани! 

Младиот Пелистер одигра уште еден борбен и квалитетен натпревар во Суперлигата, но овој пат беше награден со голема победа во Струга. 

На својот прв гостински меч пулените на Александар Зарков не се уплашија од големиот предизвик и домашната атмосфера и со 24-26 го совладаа разнишаниот домашен тим, а еден од најдобрите ракометари на битолскиот тим беше Дарио Петровски. 

Организаторот на играта и на овој меч беше водечка сила на „зелено-белите“ во офанзивата, постигна четири гола, а подели и неколку клучни асистенции, меѓу кои и најатрактивната на мечот, кога со додавање меѓу нозе до Димитровски ги збуни стружани. 

  • Атрактивното додавање на Петровски против Струга: 

Во следното коло пелистерци ги чека домашен дуел со засилениот Охрид, меч кој се игра наредниот викенд.  

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1