• Горан Упале
Македонскиот ракометар, Дарио Петровски, пронајде нов клуб и пролетниот дел од сезоната ќе го мине во Германија, каде постигна договори со тимот на Цвикау.
Се работи за клуб кој се натпреварува во петтата по ранг лига во Германија, а во чии редови настапува поранешното крило на Пелистер, Прилеп и Металург, Реваз Чантурија.
Битолчанецот во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Коњух, но неговата авантура во БиХ не траеше долго и сега интернационалната кариера ќе ја продолжи во Германија.
26-годишниот ракометар уште настапуваше за Гвадалхара во Шпанија и Јуниор Фасано од Италија, како и во Еурофарм Работник, Пелистер и Струга.