Петровски: Можеби Бутел нè потцени, но најважно е што битолчани видоа дека има нешто вредно во нас!

Битолски Пелистер и покрај големите проблеми одигра одличен натпревар против фаворизираниот Бутел. Избраниците на Александар Зарков се бореа до последна секунда, но на крај немаа сили за сензација и го пораз ја стартуваа новата сезона на Суперлигата. 

Сепак, и покрај неуспехот младите пелистерци ги собраа аплаузите од битолската публика, а најдобриот во домашниот табор Дарио Петровски е задоволен од одиграната партија и во овој момент резултатот треба да биде ставен во втор план. 

„Со еден тренинг не може повеќе да се очекува од нас. Сè се одвиваше многу брзо за нас новајлиите. Имавме само еден тренинг пред дуелот со Бутел – екипа која е доста искусна и во својот ростер има играчи кои 10 години се дел од Суперлигата.

Можеби нè потценија заради проблемите со кои се соочувавме пред стартот на сезоната. Само еднаш се собравме сите и мислам дека одигравме добар натпревар. Доказ за тоа е и неизвесноста до самиот крај“, рече Петровски за Gol.mk.

Новиот Пелистер во својот ростар има само неколку ракометари со суперлигашко искуство, но и покрај тоа Петровски смета дека плеј-офот не не недостижен.

„Овој Пелистер е составен од млади надежни ракометари од Битола, кои се желни за докажување и надигрување со секого. Секако дека сите сакаме да напредуваме од меч во меч и со добар тренажен процес, многу работа и професионализам мислам дека можеме да стигнеме до плеј-оф. Но, да не брзаме, ова беше само прво коло и сезоната допрва почнува. 

Се надевам дека публиката уживаше во нашата игра и виде дека има нешто вредно во нас. Сите очекуваме дека на следните натпревари на трибините ќе има поголем број навивачи и нашата поддршка ќе биде поголема“, додава младиот бек. 

Со седум постигнати гола позајмениот ракометар од Еурофарм Работник беше најдобриот стрелец кај „зелено-белите“ и веднаш се наметна како лидер на овој млад Пелистер. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0