Петровски: Ќе го ставам моето искуство во интерес на екипата

Михајло Петровски и Мартин Велковски ја имаат задачата да го покријат отсуството на Невен Стјепановиќ, кој сериозно се повреди во вторникот против Мешков Брест. Искусниот битолчанец Петровски веќе знае како е да се игра во Лигата на шампионите и верува дека максимално ќе ја искористи шансата која ќе му ја укаже тренерот Алушовски.

Уште утре против Спортинг ќе видиме како битолчани ќе функционираат без првиот избор на позицијата десен бек.

„Спортинг има императив да победи, бидејќи е на чекор до следната фаза, а ние имаме за цел да ја подобриме играта и да докажеме дека не сме случајно во Лигата на шампионите. Иако имаме неколку повредени ракометари, не бараме алиби и ќе нападнеме можност за победа.

Добро го анализиравме Спортинг, не гледаме некој фактор изненадување од нивна страна. Новина од првиот натпревар е Вујин, но и тој добро е анализиран, така да верувам дека сме подготвени.

Голем пех е повредата на Стјепановиќ, јас веќе настапував во Лигата на шампионите, така да со моето искуство и мојот придонес во играта ќе му се ставам на располагање на стручниот штаб и тренерот Алушовски“, ни рече Петровски.

Спортинг сезонава не го победи само шпанскиот вицешампион Бидасоа Ирун и играше нерешено. Многу веројатно за пласман во следната фаза Португалците мора да го победат Еурофарм Работник и Савехоф во директниот дуел за второто место. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 7 5 2 0 214:171 43 12
2 СавехофСавехоф 7 5 0 2 187:190 -3 10
3 СпортингСпортинг 7 4 1 2 213:192 21 9
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 7 2 1 4 179:193 -14 5
5 КоксКокс 1 7 2 0 5 179:211 -32 4
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 7 1 0 6 187:202 -15 2