Петровски: Хановер често игра вакви мечеви, пресуди нивното искуство

По двете победи над Берн Мури, Еурофарм Работник првпат ја почуствува горчината на поразот во Европа и загуби во Хановер со 24-21. Малку недостигаше екипата на Чирковиќ да го изненади бундеслигашот, но битолчани лошо ги одиграа последните

„Мислам дека Хановер беше поискусен и често игра вакви натпревари во Бундеслигата. Ни создаде многу проблеми Олсен и моравме да ја смениме одбраната за да го сопреме, но пак Хановер најде начин да стигне до бодовите. Промашивме седмерци во вториот дел, прокоцкавме шанси за подвиг и се сложувам со тренерот дека вечерва научивме важна лекција. Сепак, имаме уште пет натпревари и верувам дека ќе се радуваме на некој од следните натпревари“, заврши десниот бек на Еурофарм Работник.

Иако одиграа многу солиден натпревар, „фармацентите“ ниту еднаш не поведоа во денешниот дуел во „Свислајф Хол“ во Хановер. Татабања и Нексе се следните шанси за бодови во групната фаза за македонскиот претставник.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2