Петровиќ од Охрид се сели во Шведска, потпиша двегодишен договор со Варберг

Откако не ја продолжи соработката со македонскиот суперлигаш Охрид, српскиот ракометар Лазар Петровиќ се реши својата кариерата ќе ја продолжи во Шведска

Десниот бек, кој минатата сезона бележеше одлични настапи во дресот на охриѓани, се пресели во редовите на Варберг, клуб кој го промовираше на својата официјална страница и на социјалните мрежи.

„Срдечно добредојде му посакуваме на Лазар Петровиќ. Тој со нашиот клуб потпиша двегодишен догвор. Многу сме среќни и задоволни што го ангажиравме. Петровиќ, кој е млад и искусен ракометар, играше за Охрид во најсилната македонска лига“, пишува на ФБ страницата на клубот.

Петровиќ во Охрид пристигна од белградски Партизан, а покај тоа што настапуваше за првиот тим, беше дел и од младинската екипа, со која стигна до сребрениот медал во првенството.