• Саше Љолес

Новото големо засилување за ГРК Охрид, Стефан Петриќ, во интервју за „Балкан Хендбол“ изјави дека останал во Македонија затоа што верува во новиот проект и посакува големи успеси со нашиот суперлигаш.
Петриќ премина во Охрид откако претходно две години беше дел од Вардар 1961, а сега со голем ентузијазам најави дека новиот клуб ќе биде значаен фактор во домашниот, но и меѓународниот ракомет.
„Главната причина за доаѓањето во Охрид е идејата за создавање на одличен амбициозен проект. Тука сигурно ќе имам позначајна улога, отколку што на моменти имав во Вардар.
Клубот има нови играчи, но и нов тренер. За можностите на тимот е рано да се зборува, ќе видиме што ќе донесе сезоната.
Охрид досега беше повеќе од рамноправен ривал на трите најдобри македонски екипи, а сега е време да одиме чекор погоре“, изјави Петриќ.
Охриѓани ја завршија сезоната на четвртата позиција во Суперлигата и следната сезона ќе се натпреваруваат во Европскиот куп на ЕХФ, а воедно се очекува да бидат и значаен фактор во домашното првенство.
Целото интервју на Стефан Петриќ можете да го прочитате на ОВОЈ линк.
ФОТО: ГРК Охрид