• Мартин Танасковски

Крилото Александар Петковски одигра безгрешен натпревар и беше еден од најдобрите стрелци на Македонија во победата над Луксембург (41-23) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2028 година. По дуелот во Скопје, репрезентативецот изјави:
„Среќен сум што одигравме според договореното и ги исполнивме задачите на селекторот. Сега имаме време мирно да се подготвиме за мечот во Грција. Сигурно дека тој ќе биде поинаков натпревар од овој со Луксембург. Грците се добра репрезентација, го покажа тоа во минатите квалификации. Наше е да одиграме на високо ниво и секако да се радуваме на победа.“, изјави Петковски.
Следниот квалификациски меч за Македонија на патот кон ЕП 2028 е на гостински терен во Грција, закажан на 8 ноември со почеток од 16:00 часот.





