Петковски реди победи на Косово, Феризај лидер со „осум од осум“ во шампионатот

Македонскиот ракометен тренер Зоран Петковски реди успеси во женскиот шампионат на Косово, И покрај заминувањето на пет ракометарки ова лето, Феризај е лидер на табелата, а екипата на Петковски има максимални „осум од осум“.

Сезоната започна со освојување на Суперкупот на Косово, а потоа екипата на Петковски реди само успеси и собира бодови и во шампионатот.

Петковски долги години работеше од академијата на Вардар 1961.