• Редакција Gol.mk
Полското првенство е посебно интересно за македонската јавноста заради гигантите Киелце и Висла Плоцк (противник на Еурофарм Пелистер во групата на Лигата на шампионите), но и поради присуството на голманот Андреј Петковски на голот на Азоти Пулави.
Еден од ретките наши ракометари во странство, продолжува со одличните настапи. Веќе се избори за стартна позиција и од полските медиуми се шират само пофални зборови за неговите интервенции, некои од клучно значење, како на последниот натпревар со Пјотрокоров. Последниот месец тимот на Петковски има дури четири повредени првотимци. Во силната и изедначена полска лига Азоти Пулави е во средина на табелата и формата му е во нагорна линија.
Во следното коло Азоти Пулави в понеделник се среќава со Квидсен.
