Петковски: Бевме спремни за секаква ситуација во Атина!

Александар Петковски и Алкалоид направија голем успех, победија во Атина кај АЕК во првиот меч од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со 29-25 и со четири гола позитива го чекаат реваншот во Скопје. По мечот, крилото ги сумира впечатоците и даде јавни честитки до сите играчи.

„Прво, сакам да им честитам на сите играчи за нашата борбеност, мислам дека тоа беше доста пресудно овој меч. Имавме време, влеговме максимално уште од стартот и тоа се одрази на нашата игра. Сакавме да бидеме во егал цел меч, а на крај и да заминеме со предност.

Во вториот дел го сменивме темпотo на игра, доста го трениравме тоа. АЕК е искусна екипа, публиката ја знаевме и очекувавме дека ќе има малку прекини, но бевме спремни да останеме смирени на секоја ситуација“, рече македонскиот репрезентативец. 

Возвратниот дуел во Скопје помеѓу Алкалоид и атински АЕК ќе се одигра на 25 мај со почеток во 20:30 часот.