„Петка“ за Пешевски во ремито на Штутгарт, пораз за Миркуловски и Вецлар

По херојското реми против шампионот Флензбург, екипата на Вецлар го забележа вториот пораз во новата сезона на Бундеслигата, откако на гости сo 33-30 беше надигранa од тимот на Бергишер.

Иако „зелените“, предводени од новиот капитен Филип Миркуловски, одиграа одлични прво 30 минути, во кои имаа и водство од два гола разлика, во вториот дел тотално разочараа и дозволија домаќинот да влезе во ритам и да слави сигурна победа од 33-30. Поранешниот наш репрезентативец зад своето име запиша еден гол. 

Од денешната програма на Бундеслигата, уште еден македонски ракометар излезе на германскиот паркет. Жарко Пешевски со својот Штутгарт одиграа крајно возбудлив и израмнет дуел против Минден, но не успеа да ја наградат домашната публика со нова победа и натпреварот заврши со нерешен резултат од 24-24.

Македонскиот кружен напаѓач имаше блескава партија и со пет гола беше најдобар стрелец на Штутгарт.