„Петка“ на Талески во новата бундеслигашка радост на РНЛ

Германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен освои нови бодови во германската елита откако на гостински терен кај Бергишер успеа да слави со 25-30 (13-15).

Големиот фаворит се мачеше едно полувреме, но потоа отвори со добра серија и го остави противникот далеку зад себе. Од 13-15 на паузата, Рајн Некар Левен даде три гола во низа, поведе со 13-18 и ниту еднаш не му дозволи на Бергишер да ја намали негативата под три гола.

Нашиот репрезентативец Филип Талески имаше одличен ден и даде пет гола во мрежата на противникот, а прво име кај победниците беше Сигурдсон со вкупно осум гола. 

Рaјн Некар Левен по десет кола во Бундеслигата е на четвртото место, зад Флензбург, Магдебург и Кил