Петар Ангелов е позитивен на ковид-19, Тинекс Пролет ги прекина тренинзите

Искусниот голман на Тинекс Пролет, Петар Ангелов е позитивен на коронавирусот, потврдија вечерва од клубот. 

Поранешниот репрезентативен голман на Македонија во последниот период не тренираше поради проблеми со коленото, а откако му се појавија симптоми беше тестиран и доби позитивен тест на ковид-19. 

Популарниот Диви иако не беше во контакт со тимот во последните денови, Тинекс Пролет најави дека ќе постапи според препораките и веднаш го прекина тренажниот процес, а од понеделник ќе биде одржано тестирање на сите членови на тимот.