Петар Ангелов - „Диви“ се врати во македонскиот ракомет!

Тинекс Пролет донесе искусно име во своите редови и потпиша договор со Петар Ангелов - „Диви“, 42-годишен голман со домашно, меѓународно и репрезентативно искуство.

Чуварот на мрежата се враќа назад на македонската ракометна сцена, од германскиот Ратинген. Oд неколкуте понуди на негова адреса ја избра токму онаа на Пролет. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Ангелов ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембли во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.