Пет прволигаши го преживеаја првото Куп-чистилиште

Од петок до недела се одиграа петнаесет натпревари од првото коло на Купот на Македонија во ракомет. Победниците, заедно со бранителот на трофејот Вардар 1961 ќе се најдат во ждрепката за четвртфиналните групи, од кои ќе произлезат патниците на „фајнал-фор“ турнирот.

Пет прволигашки екипи се најдоа во групата на дури единаесет суперлигагаши во следната фаза од Куп-натпреварувањето. 

Куп на Македонија:
Прво коло:

Металург – Јехона 44-22
Охрид – Преспа 38-21
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Пролет – Кичево 51-21
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
АлкалоидРадовиш 39-27
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25

По завршувањето на есенскиот дел на Суперлигата (во третата недела од декември) ќе бидат дефинирани шеширите пред ждрепката. 

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија