Пет нови засилувања за посилен Металург следната сезона

Вицешампионот Металург официјализираше потписи со пет нови ракометари, а следната сезона во која екипата од Автокоманда ќе игра во Лигата на шампионите, но се враќа и во СЕХА лигата. 

Тоа се срп­ски­от гол­ман Дар­ко Ар­сиќ, ле­ви­от бек од Хрватска Мар­тин Мар­чец, срп­ски­от цен­тра­лен и лев бек Не­ма­ња Обра­до­виќ, ма­ке­дон­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец, ле­ви­от бек Дар­ко Ди­ми­три­ев­ски и цен­трал­ни­от бек Го­ран Пе­чен­ков­ски.

„Со за­вр­шу­ва­ње­то на го­ди­неш­на­та се­зо­на, еки­па­та спо­год­бе­но ја на­пу­шти­ја четири играчи, и тоа бе­ко­ви­те Мар­ко Бу­ви­ниќ, Мар­ко Ма­тиќ, Јан­ко Бо­жо­виќ и Лу­ка Мра­ков­чиќ, а на Ми­ло­рад Ку­ков­ски, Ми­лан Ша­ин и Сте­фан Ву­јо­виќ им за­вр­ши­ја до­го­во­ри­те. Во клу­бот оста­наа мла­ди­те ма­ке­дон­ски игра­чи, за чие до­пол­ну­ва­ње ан­га­жи­рав­ме не­кол­ку мла­ди ма­ке­дон­ски ра­ко­ме­та­ри и не­кол­ку од со­седс­тво­то. Оваа се­зо­на ќе има­ме те­шка за­да­ча во нат­пре­ва­ри­те во ЛШ и во СЕХА лигата, би­деј­ќи и во две­те нат­пре­ва­ру­ва­ња ќе има­ме сил­ни про­тив­ни­ци. Зна­е­ме што зна­чат нат­пре­ва­ри­те од ЛШ и де­ка та­му не­ма лес­ни и сла­би про­тив­ни­ци, а со прик­лу­чу­ва­ње­то на Цел­је и Го­ре­ње и прет­ход­но на Вес­прем, СЕХА ќе би­де нај­сил­на­та од неј­зи­но­то по­сто­е­ње“, изјави тренерот Ли­но Чер­вар.

Предводникот на Металург говореше и за можноста да се потпише договор со уште некој ракометар кој ќе излезе како шанса на пазарот. 

„До­се­га не­кол­ку­ па­ти ка­жав де­ка ма­ке­дон­ски­те игра­чи ќе ни би­дат при­о­ри­тет во со­ста­ву­ва­ње­то на еки­па­та, а на тие по­зи­ции ка­де што има­ме не­до­стиг од ква­ли­тет­ни ма­ке­дон­ски игра­чи ќе до­пол­ни­ме со ра­ко­ме­та­ри од стра­на. Спо­ред тој план, про­из­ле­зе и пр­ви­от бран ан­гаж­ма­ни за на­ред­на­та се­зо­на, та­ка што си­те се мла­ди, жел­ни за ра­бо­та, за уче­ње, за бор­ба и по­бе­да, што сме­там де­ка е од­ли­чен пре­дус­лов да се вкло­пат во на­ша­та мла­да и бор­бе­на еки­па, пред ко­ја се­зо­на­ва прет­сто­јат го­ле­ми пре­диз­ви­ци и со кои ве­ру­вам де­ка ус­пеш­но ќе се спра­ви­ме“, де­ци­ден е Чер­вар.

Во пер­и­о­дот што сле­ду­ва Металург пред­ви­дува да пот­пи­ше до­го­во­ри со уште нај­мал­ку 2-3 ра­ко­ме­та­ри, од кои еден ќе би­де де­сен бек.