Пет екс-ју и пет скандинавски држави - еве ги сите учесници на Европското првенство

Шведска, Данска и Норвешка ќе бидат домаќини на следното Европско првенство во ракомет, па оттаму Скандинавија се очекуваше да има најмногу учесници на континенталниот собир, но...

Познати се сите учесници на шампионатот кој што ќе се одржи во јануари следната година. Покрај домаќините од Скандинавија се пласираа уште Исланд и Фарски Острови (овие две земји понекогаш се сметаат за дел од Скандинавија поради историската-културна и јазична близина), а пет земји ќе учествуваат и од поранешна Југославија. 

Македонија го продолжи трендот на учества на големите собири и одново ќе биде во друштво на најдобрите во Европа. Покрај нашата селекција од поранешните југословенски селекции се пласираа и Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија. Најслабо рангирана селекција која што ќе настапи на овој шампионат е Украина, а потоа следуваат Грузија и Романија.

Учесници на Европското првенство 2026 година:
Македонија, Данска, Шведскa, Норвешка, Франција, Србија, Австрија, Полска, Словенија, Хрватска, Германија, Чешка, Фарски Острови, Холандија, Унгарија, Исланд, Грузија, Португалија, Црна Гора, Шпанија, Украина, Швајцарија, Романија и Италија.

Ждрепката за групната фаза на Европскто првенство ќе се одржи во четврток.