Пешевски: Во Штутгарт никогаш не се почувствував како странец, ви благодарам!

Македонскиот репрезентативен кружен напаѓач, Жарко Пешевски се прости од настапите за германски Штутгарт. Од следната сезона, корпулентниот ракометар ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер, а вчера го одигра последниот натпревар за германскиот тим. 

По него, Пешевски упати емотивна порака до фановите, соиграчите и вработените во клубот. 

„Неверојатен последен перформанс!

Минав три одлични сезони во „сино-белото“ семејство. Направивме мост меѓу две различни култури, за разбирање и респект. Никогаш не се почувствував како странец и за тоа ќе ви бидам благодарен од дното на душата, довидување, вашипт Жарки“, напиша кружниот напаѓач.

  • Објавата на Пешевски на својот Фејсбук профил:

Во својата кариера Пешевски преку Металург дојде до трансфер во Мотор Запорожје. Во Украина се задржа една година, па во 2019 прејде во редовите на Штутгарт. Сега, кружниот напаѓач се реши дека е време да се врати во татковината и ќе заигра за „зелено-белите“ од Битола.