Пешевски: СП е шанса за помладите да покажат колку вредат!

Жарко Пешевски по игрите во Мотор Запорожје се пренасочува кон националниот тим, со кој ќе има настап на Светското првенство (СП) кое во јануари се игра во Германија и Данска.

Македонија е драстично подмладена, а Пешевски смета дека отсуството на неколку стандардни имиња во селекцијата, ќе биде шанса за помладите да покажат дека вредат и на големата сцена.

„Во националниот тим фалат неколку стандардни репрезентативци, ова е шанса за помладите да покажат дека вредат на едно поголемо натпреварување. Убеден сум дека сите ќе се подготвиме максимално и дека за она што се случи со Грција беше само еден лош ден и дека никогаш повеќе нема да се повтори со послаб противник со нас. Имаме кратко време за подготовки во комплетен состав, но истото е доволно да се спремиме“, вели Пешевски.

Кружниот напаѓач направи анализа и на групата, за која вели дека Македонија може да се натпреварува со секого.

„Јапонија и Бахреин ќе бидат првите мечеви на СП за нас. Мислам дека имаме добри шанси да се натпреваруваме со секого и сакаме што повеќе победи. Исланд, пак, не чека во последното коло, дуелот може да решава, но не треба така да гледаме и така да размислуваме. Ќе ја бараме нашата најдобра форма и се надевам дека ќе минеме во следниот круг“, заврши репрезентативецот.

Натпреварите на Мундијалот нашиот национален тим ги отвора на 11 јануари, кога во Минхен се среќава со Јапонија. Претходно, ќе се играат два пријателски меча со Србија, на кои Раул Гонзалез ќе ја увиди формата на ракометарите и ќе го направи финалниот „рез“ пред заминувањето на СП.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0