Пешевски до три гола со „лисиците“, Миркуловски еднаш го стресе Балинген

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски имаше солидна партија за Штутгарт, но неговиот тим остана со празни раце против Фуксе Берлин (31-25) во рамки на германската Бундеслига.

Штутгарт се надигруваше едно полувреме (15-15), а во вториот дел снема здив. Пешевски се запиша во листата на стрелците трипати, а прво име кај Штутгарт беше Кристјансон со седум гола. Кај Фуксе, симултанка имаше Линдберг со 11 гола, а одличен беше некогашниот вардаров голман Дејан Милосављев со 18 одбрани.

Миркуловски и Вецлар дојдоа до победа над Балинген (36-26), а средниот бек еднаш се запиша во листата на стрелците.

На останатите натпревари Минден го совлада Лемго (28-23), додека Лајпциг славеше на гостувањето кај Нордхорн-Линген (24-28).