Пешевски со три гола во поразот кај Флензбург, Магдебург го освои Кил

Жарко Пешевски постигна три гола во поразот на Штутгарт кај Флензбург (30-29). Македонскиот кружен напаѓач одигра солиден натпревар, во кој неговиот тим имаше водство на полувреме. Меѓутоа фаворитот заигра подобро во продолжението и прокнижи планирани бодови.

Вецлар на Филип Миркуловски минимално загуби од Рајн Некар Левен на домашен терен (29-30). Херој на „лавовите“ беше голманот Андреас Паличка, кој го спречи Стефан Чавор да погоди за реми во последниот напад.

Големо дерби на почетокот од денешната програма одиграа Кил и Магдебург (27-29). Гостите продолжија без пораз и по осум кола се осамени на табелата во Бундеслигата. „Зебрите“ со пораз и неколку отсутни ракометари заради ковид-19 доаѓаат во Скопје, каде в среда во Лигата на шампионите ќе се сретнат со Вардар 1961.

Екберг и Магнусон постигнаа по шест гола и беа најефикасни на теренот.