Пешевски со три гола и пораз, Миркуловски запиша триумф во Бундес

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски имаше добар меч за Штутгарт, но доживеа пораз од Ерланген (25-27) во рамки на германската Бундеслига.

Кружниот напаѓач трипати се запиша во листата на стрелците, но немаше среќа да се радува на нов триумф. Ерланген до триумф дојде благодарение на одличното второ полувреме во кое надополни три гола негатива.

Филип Миркуловски и неговиот Вецлар славеа над Лајпциг (29-26), што е прв триумф за тимот во последните четири кола. Средниот бек немаше голгетерски учинок на овој дуел.

На останатите натпревари, Фуксе Берлин беше подобар од Балинген (36-30), Магдебург славеше кај Рајн Некар Левен (22-27), додека Бергишер на гости го победи Кобург (24-27).