Пешевски скромен во дебаклот на Штутгарт против Кил

Ракометарите на Кил продолжуваат со фантастичните настапи во Бундеслигата и попладнево го запишаа својот 19-ти триумф од 23 одиграни кола во најквалитетното ракометно првенство на стариот континент. 

Нова жртва на избраниците на Филип Јиха беше тимот на Штутгарт, кој дома се врати со убедлив пораз од 12 гола разлика (35-23). Редовниот учесник во Лигата на шампионите уште од самиот старт на натпреварот најави лесен и убедлив триумф и на полувреме постигна 19 гола и со позитива од осум гола замина на одмор. 

Во вториот дел Кил продолжи немилосрдно да го полни голот на противникот и за првпат се искачи на +16, но во финишот попушти и Штутгарт успеа да се избори само за пораз од 12 гола разлика (35-23).

Нашиот репрезентативец Жарко Пешевски зад своето име запиша само еден гол во мрежата на Кил, додека кај победничката екипа се истакнаа Екберг и Ренкинд со по седум гола. 

Во првиот денешен натпревар од програмата на Бундеслигата, Фуксе Берлин славеше над Магдебург, во дербито на Кристопанс за тимот од Берлин. 

<<< ПОВРЗАНО - Кристопанс блесна на стартот, Фуксе го победи Магдебург