Пешевски: Многу луѓе „искинаа живци“ со нас во Виена

Македонија наместо во втора фаза, се враќа дома. Со поразот од домаќинот во клучниот натпревар од групата Б нашите ракометари ги завршија настапите на Европското првенство, а кружниот напаѓач Жарко Пешевски им се заблагодари на сите навивачи кои ги бодреа во Виена и кинеа живци на трите натпревари против Украина, Чешка и Австрија

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ​

„Започнавме во грч, промашивме неколку зицери, но добро беше што веднаш се вративме во игра и го израмнивме натпреварот. Сепак, следуваше нов пад и лесни голови за противникот. Како што го завршивме првиот дел, така и го отворивме второто полувреме. Промашувањата продолжија и домаќинот го искористи тоа и нè казни.

Сакам да им честитам на ракометарите на Австија за победата и да им се заблагодарам на сите што беа со нас и што губеа живци во овие неколку дена тука во Виена“, рече членот на Штутгарт

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

Испаѓањето уште во првата фаза на овој собир значи и најлош пласман на Македонија на еден континентален собир (од 12 до 24 место).

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“