Пешевски погоди еднаш, Штутгарт го намачи Флензбург

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт запишаа нов пораз во Бундеслигата, овој пат на гостувањето кај еден од фаворитите за највисок пласман Флензбург (34-30).

Домашните доста се намачија да победат, пред се поради феноменалната партија на исландскиот репрезентативец Кристјансон. 26-годишникот имаше блескав меч, постигна единаесет гола, од кои осум беа во првото од девет обиди, ама не успеа да ја круниса со успех.

По првиот дел резултатот гласеше 17-18 за Штутгарт, а Флензбург го сврте дуелот во своја корист кога од 20-21 постигна четири гола во серија, поведе со 24-21 и потоа константно ја држеше предноста која беше измеѓу еден и три гола.

Токму Кристјансон беше прво име со 11 гола, додека кај Флензбург, Род даде осум, исто колку и Готфридсон. Жарко Пешевски даде еден гол од еден обид во самиот финиш.