Пешевски: Отворивме катастрофално, тоа беше клучот на поразот!

Финале како што посакуваа сите ракометни фанови на Македонија. Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа неизвесен натпревар во „Борис Трајковски“, полн со многу возбудувања и пресврти, а на крај по изведувањето на пеналите историска победа извојува вицешампионот и така стигна до својот прв историски трофеј во клупската историја.

Жарко Пешевски, кружниот напаѓач на Пелистер не го криеше разочарувањето од поразот и истакна дека катастрофалниот старт беше клучен за овој неуспех.

„Честитки до екипата на Алкалоид. Одигра над сите свои можности. Ние бевме поискусните на теренот, но ќе го докажавме тоа. Отворивме катастрофално, тоа беше клучно за овој пораз. Потоа успеавме да се консолидираме и на поведеме на стартот од второто полувреме, но пак влеговме во црна серија и натпреварот влезе во егал и на крај победи посреќниот. 

Имаме уште два натпревари до крајот на првенството. Влогот е многу голем и затоа овој пораз треба што побрзо да го заборавиме и во клучниот дел од сезоната да влеземе максимално посветени и да ја оствариме нашата примарна цел“, рече Пешевски.

Токму Пелистер и Алкалоид во последното коло ќе се сретнат во Битола, а тој натпревар ќе го реши шампионот на Македонија, бидејќи во игра за трофејот е и екипата на Вардар.