Пешевски одличен во возбудливото реми на Штутгарт и Лемго

По победата над Лудвигсхафен, која беше премиерна во новата сезона Бундеслигата, ракометарите на Штутгарт испуштија голема можност за нови три бода, откако не издржаа до крај и одиграа без победник на дуелот со Лемго. 

Новиот клуб на нашиот репрезентативец Жарко Пешевски речиси во текот на целиот меч го имаше водството на своја страна, во еден момент имаше дури и позитива од пет гола, но во финишот од мечот Лемго заигра поквалитетно и се избори за реми на тешкото гостување. 

Македонскиот кружен напаѓач имаше одлична партија и постигна три гола, а Карлсбогард со девет гола беше најпрецизен во редовите на Лемго. 

Од денешната програма на Бундеслигата на паркетот истрча и Филип Талески, но не запиша ниту еден гол во поразот на својот Балинген од Лајпциг.