Пешевски имаше супер-меч во Бундеслигата, му даде пет гола на лидерот Флензбург

Пешевски

Екипата на Флензбург на најдобар можен начин го искористи киксот на Кил (пораз од Магдебург) и со сигурна победа од 30-32 над Штутгарт осамна на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата.

Во единствениот денешен натпревар од германската ракометна елита, големиот фаворит и шампион од пред две сезони, наиде на расположен домаќин кој покажа голема желба за надигрување, но како да немаше сили во целост да го потврди тоа на терен. 

По сигурните 11-15 за Флензбург на полувреме, во вториот дел Штутгарт заигра поангажирано и поквалитетно, но не успеа да ја анулира негативата од првите триесет минути и мораше да се помири со пораз од само два гола разлика.

На денешниот натпревар фантастичен во дресот на Штутгарт беше македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, кој со пет постигнати гола беше трет стрелец во својот тим.