Пешевски непогрешлив во ремито против Балинген на Талески

Пешевски

Ракометарите на Штутгарт пропуштија да направат изненадување и освоија само бод на гости кај Балинген (25-25), иако имаа предност во текот на цел натпревар.

Ова беше прв дуел на Филип Талески и Жарко Пешевски, кој заврши без победник. Поискусниот од нив двајца постигна четири гола од исто толку обиди, наспроти едната реализација на бекот на домашната екипа.

Се играше егал завршница во која домаќинот никако не ја спушти разликата под два гола. Токму Пешевски постигна еден од клучните погодоци со кои Штутгарт се одлепи од противникот, но и тој не беше доволен за конечен триумф. Томас искористи пенал во последните 20 секунди и ја израдува домашната публика за конечни 25-25.

Големо дерби во 12. коло од Бундеслигата одиграа Рајн Некар Левен и Кил во кое победата ја однесе домашната екипа (26-25).