Пешевски: Немаме доволно време за подготовка, но верувајте ќе бидеме спремни за Бахреин

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Неполн ден по натпреварот со Јапонија, веќе отпочна подготовката за дуелот со Бахреин. Пред утринскиот тренинг во „Олимпија Хале“, разговаравме со нашите ракометари, а кај нив забележлива беше свежината по преспиената ноќ и оптимизмот по првиот чекор кон главната групна фаза.

Жарко Пешевски откри дека во еден ден не може многу да се анализира следниот ривал, но Македонија ќе биде спремна за селекцијата на Кристјансон.

„Немаме многу време да го подготвиме натпреварот со Бахреин, но важно ни е да се одмориме, иако кратко е времето за подготовки. Ќе одработиме еден тренинг и немаме доволно време за видео анализа, но верувајте дека спремни ќе го дочекаме натпреварот. Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија, но ние покажавме едно друго светло, постигнавме 38 гола и игравме како што очекувавме. Можеби имавме мали проблеми во одбраната, но ќе се поправиме со Бахреин. Тие гледаат шанса во натпреварот против Македонија, но ние сме тука да им ги замрсиме сметки“, ни рече кружниот напаѓач на Мотор.

Бахреин денес ќе тренира во 15:00 часот во „Олимпија Хале“, утре од 14:00 часот првпат ќе се соочиме со оваа селекција во нашата историја. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0