Пешевски запиша два гола со „лисиците“, Миркуловски до радост против Нордхорн

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт доживеаја пораз во Бундеслигата на гостувањето кај фаворизираниот противник Фуксе Берлин (36-27).

„Лисиците“ се покажаа како преголем залак за тимот на Пешевски, а македонскиот пивот на овој натпревар имаше три шута кон противничкиот гол и успеа да запише два погодока.

Вецлар на Филип Миркуловски, пак, на домашен терен славеше над Нордхорн (34-27). Средниот бек кој играше „роденденска партија“ успеа да стрела еднаш од вкупно два обида.

На останатите бундеслигашки средби, Хановер беше подобар од Бергишер (30-24), Лајпциг минимално го совлада Гепинген (26-25), додека дуелот меѓу Лемго и Ерланген заврши без победник (26-26).