Пешевски и Штутгарт го изненадија Мелсунген, реми за Миркуловски и пораз за Талески во Бундеслигата

Штутгарт го изненади Мелсунген и на гостински терен запиша лесен триумф од 21-26, во рамките на 23. коло од германската Бундеслига. Иако домаќинот беше апсолутен фаворит, освен почетната предност не покажа ништо со што би заслужиле триумф. Дури во вториот дел гостинот од Штутгарт водеше со високи седум голови разлика. Нашиот репрезентативец, Жарко Пешевски имаше скромен учинок и минутажа, постигнувајќи само еден гол. 

Ракометарите на Балинген и Филип Талески загубија на гостувањето кај Ерланген со 32-27. Домашната екипа одигра фуриозно прво полувреме, а во неколку наврати водеше со по седум голови. Сепак, во вториот дел Балинген се приближи на гол негатива, но во финишот испушти здив и загуби. Филип Талески имаше лоша шутерска вечер погодувајќи само еднаш од пет обиди.

Филип Миркуловски и Вецлар ги поделија бодовите дома со Рајн Некар Левен во ремито од 27-27. Средбата мина целосно изедначено, а двата тима се менуваа во водство. Највисока предност имаше Вецлар од три голови, што брзо беа анулирани. Во трилер завршница Миркуловски и соиграчите обезбедија нерешен резултат. Поранешниот репрезентативец на Македонија запиша само еден гол од исто толку обиди.