Пешевски: Го одигравме најдоброто полувреме, но потоа Алборг ги искористи сите наши грешки

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер впиша уште еден пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика немаше сили за надигрување со моќниот Алброг. 

Данскиот гигант одигра според очекуваното и од Битола си заминува со триумф од 28-33. По натпреварот Жарко Пешевски го призна поразот и истакна дека победи подобрата екипа.

„Прво сакам да му честитам на противникот за извојуваната победа во оваа пеколна арена. Мислевме дека Алборг ќе потпадне на притисокот, но сепак, се работи за ѕвезден тим кој одиграл многу вакви натпревари. Покажаа дека се подобар противник. Сметам дека за разлика од другите натпревари ова беше нашето најдобро прво полувреме оваа сезона во Лигата на шампионите.

Игравме егал во сите триесет минути, а потоа отворивме лошо, Алборг ги казни нашите грешки и потоа не дозволи да се вратиме во игра. Наша задача поради овие прекрасни навивачи е да одиграме максимално и на последниот натпревар во Норвешка“, рече Пешевски.

Најдобар поединец во таборот на македонскиот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, а Пешевски запиша четири погодоци крај своето име