Пешевски даде два гола, ама „зебрите“ беа пресилни за Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт доживеаја нов пораз во Бундеслигата во дуелот со големиот фаворит Кил (21-29).

По поразот од Фуксе Берлин, за „зебрите“ опција беше само триумф. Тоа и им успеа, во дуел во кој прашањето околу победникот беше јасно по само дваесетина минути, затоа што Кил обезбеди висока предност.

Жарко Пешевски настапи на овој дуел и имаше два гола од вкупно два обида. Најдобар кај Штутгарт беше Циклер со осум гола, додека кај Кил, Екберг беше најефикасен со седум гола.

За Кил ова е тринаесетта победа во Бундеслигата и тимот е на второто место, додека Штутгарт го доживеа деветтиот пораз и ја прекина добрата низа од три успеси во серија.