Пешевски без удел во гостинската победа на Штутгарт кај Балинген

Ракометарите на Штутгарт славеа на гостувањето кај Балинген со 28-30, во средбата од третото коло на германската Бундеслига. Домаќинот пружи силен отпор, ама Штутгарг долго водеше и заслужено ги освои бодовите од ова гостување. Во овој триумф, репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски немаше удел и погодоци.

Се играше изедначен ракомет во првото полувреме, гостите ја контролираа играта и резултатот, а Балинген само еднаш поведе. Сепак, на пауза Штутгарт замина со два голови предност (15-17). Во продолжението домаќинот сè уште не се предваше и го следеше ривалот резултатски, а во еден момент поведе и со два гола предност. Штутгарт со неколку мини-серии се врати во ритам и иако имаше +4, на крајот победи само со два гола предност. 

Најдобар поединец на овој натпревар беше Кристјансон од Штутгарт со десет погодоци, а осум даде Нортдурф од Балинген.