Пешевски со еден гол во поразот кај Гепинген, Флензбург го урна Магдебург

Штутгарт на Жарко Пешевски го запиша петтиот пораз во низа на гостувањето кај Гепинген (34-32) во рамките на 18. коло од Бундеслигата.

Тимот на македонскиот кружен напаѓач остана во опасната зона за испаѓање. На денешната средна Пешевски постигна само еден погодок. Домашната екипа ги постигна последните два гола на мечот и со тоа ги обезбеди бодовите.

Прв сезонски пораз оствари Магдебург кој потклекна на теренот на Флензбург (30-27). Голманот Бенџамин Буриќ беше најзаслужен за славјето на домашниот тим, со четиринаесет интервенции, од кои неколку зицери. Ване беше први име меѓу стрелците со седум гола, а кај гостите се истакнаа Петерсон и Магнусон со по шест погодоци.

И покрај поразот Магдебург останува лидер со 32 бода, пет повеќе од Флензбург и шест од првакот Кил.