Пешевски без промашување во новата Бундес победа на Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски имаше добар натпревар за неговиот Штутгарт, во новата победа во рамки на Бундеслигата.

Штутгарт на домашен терен славеше над Гепинген (28-26) и ја прекина серијата на порази на домашната сцена која броеше пет во низа.

Пешевски доби минутажа на овој дуел и натпреварот го заврши без промашување - два гола од вкупно два обида.

Тимот на македонскиот кружен напаѓач се наоѓа во безбедната зона, на дванаесеттото место во германската ракометна елита.